Search

Збрка на божикната лотарија, добитникот на милион швајцарски франци мораше да се откаже од нив

На швајцарската телевизија во саботата беше извлечен добитникот на наградата од милион швајцарски франци, но во исто време мораше да се откаже од нив поради збрката што настана.

Од кутијата беше извлечено името на Швајцарецот Андреас Буркли, кој веднаш беше прогласен за победник во рамки на емисијата „Хепи деј“ на јавната телевизија СРФ. Потоа, ТВ се извини со објаснување дека настанала техничка грешка, известува швајцарски „Блик“.

Компанијата „Свислос“, која ја организира лотаријата, подоцна се извини во соопштението, напоменувајќи дека извлекувањето морало да се направи рачно поради технички проблеми.

Во кутијата биле внесени 11 имиња наместо 10, и е извлечен токму тој додатниот. Организаторите истакнаа дека, според правилата, играчот кој е прогласен за победник не се квалификувал бидејќи не одговорил на телефонскиот повик.

Новото извлекување и прогласувањето на победниците ќе се одржи по Божик.

Треба да знаете
Последни објави