Search

Германија сака да воведе верски данок за муслиманите

Политичарите од владејачката Демохристијанска-социјалдемократска коалиција се залагаат за воведување верски данок во Германија и за муслиманските верници со што ќе се овозможи финансирање од независни извори на работата на џамиите во Германија кои во моментов се финансираат со пари од странство, јавуваат германските медиуми.

Нашата цел е ослободување на исламот во Германија од странски влијанија и посилна ориентација кон германски извори“, рече потпретседателот за претставничкиот клуб на демохристијанската Унија ЦДУ/ЦСУ Торстен Фрај во интервју за весникот „Велт“.

Тој заклучи дека воведувањето даноци за муслиманските верници, според моделот на црковниот данок кој го плаќаат верниците од протестантските и католичките црква во Германија, би бил челот во вистинска насока.

И помалиот партнер во владата на Ангела Меркел, Социјалдемократска партија на Германија (СПД) се залага за процес на издвојување на исламскиот верски живот во Германија од странско влијание.

Голем дел од џамиите во Германија во кои се собираат претежно турски верници, кои со повеќе од два милиона членови се најголемата национална исламска заедница во Германија, се контролирани од страна на турското здружение „Дитиб“ кое е директно поврзано со турската влада.

Треба да знаете
Последни објави