Search

Во Австралија се запали корпа на балон во кој летале 16 луѓе

Корпа на балон со кој летале пилотот и 15 други патници се запали во австралиската сојузна држава Викторија.

Балонот безбедно слетал, а во инцидентот повредена е 27-годишна девојка која била префрлена во болница, пренесе агенцијата АП.

Како што наведува американската агенција, состојбата на девојката е стабилна.

Корпата на балонот е уништена во пожарот.

Треба да знаете
Последни објави