Search

ВМРО-ДПМНЕ: Предизборните ветувања на СДСМ за чист воздух останаа само на хартија

Секојдневно граѓаните се гушат во неспособноста на власта предводена од аболицираниот Заев. Црнила буквално надвиснаа над сите граѓани. Секоја година повеќе од 3 илјади лица се директна жртва на енормно загадениот воздух, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата на СДСМ.

„Додека милиони евра власта троши за набавка на луксузни автомобили, мебел, лубриканти, се кратат ставките во буџетот за заштита на животната средина, а гасификацијата остана само уште едно неостварено ветување на СДСМ.

Откако СДСМ ја презема власта, потрошија 7 милијарди евра пари на граѓаните, а граѓаните се уште не добија решение за нај горливиот проблем, проблемот кој одзема илјадници животи годишно, проблемот со загадувањето на воздухот

Предизборните ветувањата на СДСМ за чист воздух и здрава животна средина, останаа само мртво слово на хартија и уште една обична лага, во црната книга на неостварени ветувања наречена „План за живот““ се наведува во реакцијата на опозициската партија.

Треба да знаете
Последни објави