Search

ВИДЕО:Восочните Меган и Хари слават Божик во празничните вести

Во почетокот на декември музејот „Мадам Тисо“ ги претстави новите восочни фигури на принцот Хари (34) и неговата бремена сопруга Меган Маркл(37).

Посетителите на музејот се согласија дека нивните восочни варијанти се ужасни бидејќи нивните глави не се пропорционални со телото. Ова се случи затоа што не станува збор за кукли, туку за вистински луѓе кои носеа восочни маски на кралската двојка. Пред Божик тие имаа презентација за медиумите, а јавноста, судејќи според реакциите на социјалните мрежи, не е баш воодушевена.

За тоа време, вистинската Меган ужива во божикната атмосфера во кралската палата. Веќе традиционално, целото британско кралско семејство предводено од кралицата Елизабета Вторa (92), на божикното утро оди на миса во црквата Света Марија Магдалена во Норфолк.

Кралицата пристигна со својот син, принцот Чарлс (70), а им се придружија и најпопуларните членови на семејството – принцот Вилијам (36) и принцот Хари со своите сопруги.

 

Треба да знаете
Последни објави