Search

Министерот Адеми и францускиот амбасадор Тимоние потпиша Меморандум за соработка

Меморандум за соработка меѓу Министерството за образование и наука и Амбасадата на Република Франција потпишаа денеска ресорниот министер Арбер Адеми и францускиот амбасадор Кристијан Тимоние.

Целта на Меморандумот, како што истакна министерорт Адеми, е да се зајакнат пријателските односи меѓу двете земји и да се продлабочува институционалната соработка на наште држави во областа на образоването.

Од МОН информираа дека со склучениот меморандум во Македонија ќе се признават дипломите доделени од страна на Француското интернационално училиште – Скопје (ЕФИС), основано во 1999 година од страна на француската Амбасада во Република Македонија.  ЕФИС работи како основно училиште со деца од шест годишна возраст, согласно акредитацијата од Министерството за национално образование и Министерството за Европа и надворешни работи на Република Франција и според францускиот Законот за образование, додека школувањето на учениците во оваа институција е исто како во државното образованието во Франција во однос на продолжувањето на школувањето и доделувањето на свидетелства.

Признаена и акредитирана во Франција, ЕФИС  ќе го има овој статус и кај нас, бидејќи со потпишаниот Меморандум се овозможува учениците од ова школа ќе можат да го продолжат своето образование во средните училишта во Република Македонија. Француското интернационално училиште – Скопје (ЕФИС) е акредитирано за предметна настава во основното образование, наведуваат од Министерството за образование и наука

Треба да знаете
Последни објави