Search

Џафери ќе ги објави Законите за јазиците и за Договорот од Преспа без потпис на Иванов

Претседателот на Собранието, Талат Џафери на денешниот новогодишен брифинг со новинарите најави дека претседателските избори ќе ги распише на 2 или 3 февруари.

Џафери исто така рече дека Законот за ратификација на Договорот со Грција и Законот за употреба на јазиците ќе ги испрати во „Службен Весник“ без потпис на претседателот Иванов.

-Кога ќе се усвојат уставните амандмани, двата закони ќе ги пуштам во „Службен весник“ бидејќи никој не смее да ја попречува волјата на Собранието, рече Џафери.

Според него, Собранието ги  завршило навреме сите битни прашања и успеало да си ја оправда својата работа за 2018 година и очекувањата на граѓаните.

Треба да знаете
Последни објави