Search

Сергеј Трифуновиќ на „Инстаграм“ објави фотографија на која има 18 години

Обожавателите на српскиот актер Сергеј Трифуновиќ беа загрижени во текот на изминатите неколку недели, бидејќи  не се појавуваше на „Инстаграм“. Многумина мислеа дека тој се повлекол самоволно, но всушност неговиот профил на „Инстаграм“ не бил активен веќе неколку недели, како што вели, поради технички пречки.

Трифуновиќ направи нов инстаграм-профил и продолжи да повикува на протести во Белград. Досега го следат околу 7 000 луѓе, и покрај активизам на неговиот инстаграм-профил има уметност, пријатели, колеги, но и негови стари фотографии. Пред неколку дена, тој објави фотографија од Факултетот за драмски уметности во Белград на која има нецели 18 години. Сликата ги воодушеви многуте следбеници на познатиот актер, а девојките се согласуваат дека денес е многу поголем фраер.

Треба да знаете
Последни објави