Search

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски како прв човек на АД ЕЛЕМ директно придонесоа за интензивирање на аерозагадувањето

Скоро 11 години ВМРО-ДПМНЕ го игнорираше проблемот со загадувањето и свесно ги уништуваше зеленилото и животната средина, велат од СДСМ во нивното соопштение.

Заради криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ се зголеми сиромаштијата. Катастрофа предизвикаа во енергетиката, заради личното богатење на поединци, укината беше евтината тарифа на струјата, а цената на електричната енергија поскапе за 100 отсто.

Стотици илјадници семејства беа приморани да преминат на загревање со нееколошки енергенси, со што загадувањето значително се зголеми.

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски како прв човек на АД ЕЛЕМ директно придонесоа за интензивирање на аерозагадувањето“, се вели во соопштението на партијата.

Наспроти, таквиот однос кон граѓаните и животната средина, велат од СДСМ, Владата заедно со надлежните институции секојдневно спроведува мерки за решавање на долгогодишниот проблем со аерозагадувањето.

Интезивно се работи на проектот на гасификација којшто е стратешки приоритет на Владата редводена од СДСМ, проект што ќе ги намали трошоците на граѓаните и компаниите, но истовремено ќе придонесе и за намалување на загадувањето на воздухот.

Обновувањето на изгубеното зеленило и засадување на ново, поголем инспекциски надзор и контрола на големите загадувачи, детектирање на дивите депонии, набавка на нови еколошлки автобуси, поставувањето на прочистувачи на воздух во училиштата и градинките се само дел од низата мерки што секојдневно се преземаат за надминување на проблемот со загадениот воздух“, велат од партијата.

Треба да знаете
Последни објави