Search

Пристигнати 62 барања за амнестија до 15 часот во Кривичениот суд

Во скопскиот Кривичен суд денеска до 15:00 часот пристигнати се вкупно 62 барања согласно Законот за амнестија, од кои 27 во одделението за Организиран
криминал и корупција и 35 во одделот Кривично полнолетни.

– Согласно Законот за амнестија за настаните од 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија, ја информираме јавноста дека денеска до 15:00 часот, во Судот се пристигнати вкупно 62 барања согласно Законот за амнестија од кои 27 во одделението за Организиран криминал и корупција и 35 во одделот Кривично полнолетни, се наведува во соопштението од Судот.

Оттаму напоменуваат дека рокот за поднесување важи и денеска и дека ќе бидат земени во предвид и барањата кои во законски утврдениот рок ќе бидат дополнително доставени до Судот по пошта.

Треба да знаете
Последни објави