Search

Пливачот Евгениј Поп Ацев прогласен за спортист на годината на Град Скопје

Пливачот Евгениј Поп Ацев го доби признанието за најдобар спортист на годината на Град Скопје.

На свеченоста што се одржа во салата на Советот на Град Скопје беа прогласени најуспешните, избрани во следниве категории: најуспешни 10 спортисти во сениорска категорија (мажи и жени), најуспешни пет спортисти во младинска категорија (мажи и жени), најуспешен тренер, најуспешна спортска екипа од Скопје, најуспешен спортист/ка – странец кој настапува во екипа од Скопје и најуспешен спортист/ка во категоријата на лица со посебни потреби.

Категорија најуспешни 10 спортисти во сениорска категорија (мажи и жени):

1. Евгениј Поп Ацев – Академски Пливачки клуб Студент
3 место во вкупен пласман на Светски куп во маратонско пливање на ранг листа на меѓународната пливачка федерација
2. Бобан Илиоски – Кикбокс клуб Шампион
Сребрен медал Светско првенство маитаи, Канкун – Мексико
3. Дејан Недев – Карате клуб Работнички
Двократен шампион на Европа во кати и кумите за сениори на Европски Шампионат, Белград – Србија
4. Стојанче Стоилов – АД Ракометен клуб Вардар
1 место во регионална СЕХА Лига;
4 место во ВЕЛУКС ЕХФ Лигата на Шампионите
11 место на ЕХФ ЕУРО 2018 во Хрватска со репрезентација на Македонија
5. Дејан Георгиевски – Таеквондо клуб Бутел
Бронзен медал Европско првенство У21 , Варшава – Полска
Сребрен медал Медитерански игри, Тарагона – Шпанија
Златен медал Балканско првенство, Букурешт – Романија
Златен медал Европски Таеквондо Игри, Пловдив – Бугарија
6. Ненад Келебиќ – Карате клуб Цветан Димов
Бронзен медал на Медитерански игри, Тарагона – Шпанија
7. Дарио Ивановски – Здружение Атлетски клуб Работнички
1 место на Белградски полумаратон;
1 место на Виз Ер Скопски Маратон;
10 место на 1.500 метри на Медитерански игри, Тарагона – Шпанија;
4 место на 3.000 метри на Балкански игри на отворено, Стара Загора – Бугарија;
14 место на 1.500 метри на Светско првенство во сала, Бирмингем – Велика Британија
8. Фати Вејсели – Здружение Боречки клуб Лирија 2010
5 место на Светско првенство за јуниори, Трнава – Словачка;
10 место на Европско првенство за сениори до 23 години, Истанбул Турција;
2 место Балканско првенство за јуниори, Тирана – Албанија
9. Адријана Поп Арсова – Маратон клуб Делта
3 место Скопски маратон
4 место Маратон, Подгорица
10 место Маратон, Холандија
1 место полумаратон, Грција
4 место полумаратон, Грција
10. Дрита Ислами – Атлетски клуб Работнички
9 место на Медитерански игри 400м со пречки
5 место на Балканско Првенство – 400м со пречки

Треба да знаете
Последни објави