Search

Општина Битола: Ги исплативме средствата за превозот на учениците

Општина Битола соопшти дека деновиве ги исплатила средствата за превозот на учениците.

По направените анализи и утврдување на приложените сметки, Општина Битола деновиве изврши исплата на средствата на учениците од средните училишта кои користеа превоз за посетување настава во периодот од почетокот на оваа учебна година“, велат од Општината.

Оттаму додаваат дека на учениците кои поседувале уредна документација (барање со фотокопија од лична карта на родител, фискални сметки, потврда за посета на настава од класен раководител), им биле рефундирани средствата за превоз, согласно со донесената одлука во Советот на Општина Битола.

Треба да знаете
Последни објави