Search

Небензија: Односите меѓу Москва и Вашингтон се лоши за светот

Oдносите меѓу Москва и Вашингтон се практично непостоечки, што е лошо не само за двете земји, туку и за светот, изјави рускиот амбасадор во Обединетите нации, Василиј Небензија и додаде дека гледа шанси за нивно подобрување.

Во изјавата за новинарите, тој рече дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп треба да и понуди на Северна Кореја некои стимулации за продолжување на денуклеаризацијата на Корејскиот полуостров, објави АП.

Како што рече, тој е загрижен дека ситуацијата нема да се врати како онаа во 2017 година, кога беше зголемена опасноста од нуклеарни и ракетни проби и ситуацијата ескалираше.

Зборувајќи за Иран, Небенезија рече дека е загрижен за идната стратегија на САД ако санкциите против земјата не доведат до промени во однесувањето што го сака администрацијата на Трамп

Треба да знаете
Последни објави