Search

Мицкоски во посета на детската клиника во Скопје

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ги посети децата од детската клиника во Скопје.

При посетата им ја честита Новата година и празниците кои престојат, им посака побрзо закрепнување и исполнување на сите желби.

„За миг нивните насмевки ни го разубавија нашето секојдневие. Децата се нашето богатство и нашата иднина и тие ги заслужуваат нашата почит и внимание“, истакна Мицкоски.

 

 

Треба да знаете
Последни објави