Search

Матис ja потпиша одлуката за повлекување на војниците од Сирија

Aмериканскиот секретар за одбрана во заминување, Џејмс Матис ја потпиша наредбата за повлекување на американските трупи од Сирија, објави Пентагон.

Повлекувањето на американската војска од Сирија, минатата недела беше наредено од американскиот претседател Доналд Трамп.

А како што беше објавено на веб страната на американскиот воен сајт „Military Times“, одлуката на Трамп е главна причина за поднесувањето на оставка на Матис.

Одлуката на Трамп за повлекување на војската предизвика низа од реакции и кај останатите светски лидери. Дел од нив сметаат дека ова е сосема погрешна одлука, која може да ја загрози ситуацијата дополнително, додека пак дел застанаа на страната на Трамп.

Белата куќа прогласи победа над Исламската држава во Сирија пред околу една недела, а неколку дена подоцна во јавноста излезе и информацијата дека САД планира да повлече и дел од своите војници од Авганистан, но оваа информација засега нема потврда.

Треба да знаете
Последни објави