Search

Лекарка од Велес зела 50 евра мито, па ги враќала парите

Лекарка од Велес побарала и зела 50 евра мито од пациентка, информираше МВР.

Станува збор за С.Д.(58) од Велес, против која е поднесена кривична пријава за примање поткуп.

Според полицијата, осомничената на 07.06.2018 година во ЈЗУ Општа Болница Велес, каде работела како гинеколог- акушер, од пациентката В.П., побарала 50 евра, без напомена за каква здравствена услуга се наменети. Сопругот на В.П. ѝ ги дал парите на лекарката, но кога требало да ја плати сметката за здравствените услуги тој забележал дека парите не биле наведени во фискалната сметка.

Сопругот на В.П. поднел пријава против С.Д., по што таа на  26.06.2018 година заедно со нејзиниот сопруг го убедувале да ја повлече пријавата, при што му вратиле 50 евра.

Треба да знаете
Последни објави