Search

Близначки сакаат да се омажат за ист дечко

Ана и Луси ди Синке се во врска со Бен Брн веќе шест години, а 33-годишните близначки сега сакаат да се омажат за него, но не можат поради законот за полигамија.

Луси и Ана од австралискиот Перт беа гости во телевизиско шоу каде што апелираа да ги променат законите во нивната родна земја. Сестрите се познати по својот гламурозен изглед, но исто така и по нивните напори да изгледаат сосем идентично. Со своите  27 000 следбеници на Инстаграм, тие редовно ги споделуваат фотографиите кои го докажуваат тоа.

Во австралиското шоу „Hughesy, We Have a Problem“, сестрите открија дека го делат партнерот Бен. „Ние би сакале да се омажиме за него еден ден, но поради законот во Австралија не можеме, што можеме да сториме?” Тие се пожалија.

„Ние го делиме единствениот проблем. Сакаме да се омажиме со истиот човек”, напишаа тие на Инстаграм. Полигамијата е забранета во Австралија од 1961 година. Бен живее со близначките и нивната мајка од 2017 година.

Бен нè третира подеднакво. Тој ја бакнува Ана, потоа ме бакнува мене … И двете нè држи за раце кога сме надвор”, рече Луси.

„Ние сите спиеме заедно, но не како во тројка, бидејќи не се мешаме едни на други”.

Треба да знаете
Последни објави