Портпаролот на авганистанското Министесртво за здравство, Вахид Маџро изјави дека во самоубиствениот напад што се случи на католичката бадникова вечер загинале 43 лица, пренесе „Танјуг“.
Маџро наведе дека полицијата и вработените во итните служби и понатаму трагаат по телата на локациите на кои дојде до нападот, пренесуваат светските агенции.
Нападот беше извршен од бомбаш самоубиец и тројца мажи вооружани со пушки и екслозиви. Тројцата се убиени од страна на безбедносните сили, во осумчасовната опсада.
Засега никој не презеде одговорност за нападот. Агенциите потсетуваат дека на подрачјето се активни припадниците на талибанците и терористичката група „Исламска држава“.