Search

(Видео) Насилни протести во Бања Лука, има и повредени

Неколку лица се повредени за време на денешните насилни протести на плоштадот Краина во Бања Лука меѓу полицијата и граѓаните. До судирите дошло, како што пренесуваат медиумите од регионот, откако полицијата го отстранила споменикот на убиеното момче Давид Драгичевиќ.

Семејството на Драгичевиќ ја обвинува полицијата дека се обидува да ја прикрие истрагата за убиството на нивниот син.

На протестите на семејството на Давид им се приклучила и опозицијата , која најави масовни протести , откако полицијата го уапси таткото на Давид , а при апсењето му ја скршиле раката. Потоа , настанала тепачка меѓу насобраните со полицијата.

Попладнево е уапсена и неговата мајка , па подоцна е ослободена. Давид Драгичевиќ е убиен во март под неразјаснети околности.

Треба да знаете
Последни објави