Search

Работници во Швајцарија добиле две плати за Божик, но задоволството кратко траело

Четири илјади и триста вработени во француската осигурителна компанија AXA во Швајцарија поради сметководствена грешка добиле две плати за декември.

Сепак, божиќниот ентузијазам кој се јавил меѓу вработените брзо спласнал, откако дознале дека нема да можат да ги задржат неочекуваните приходи.

Швајцарскиот дневен весник „Tages-Anzeiger“ дознал за оваа грешка, а AXA го потврди денеска.

Грешката се должи на недоразбирање помеѓу АХА и банката, велат од француска компанија, а вработените можат да ги вратат парите или да ги задржат како замена за платата во јануари.

AXA веднаш не соопшти колку пари се погрешно исплатени, но земајќи ја предвид просечната швајцарска плата од 85 илјади швајцарски франци годишно, по грешка веројатно биле исплатени околу 30 милиони швајцарски франци.

„Се случуваат и полоши грешки од оваа“, изјавил портпаролот на AXA за „Tages-Anzeiger“.

„Најважно е дека вработените се платени за декември пред Божиќ“, додал тој.

Треба да знаете
Последни објави