Search

Пацоли: Жени од Србија гушкаа црнци и им оставаа коверти

Пиштинската организација „Совет за одбрана на човековите права и слободи“ побара смена на косовскиот министер за надворешни работи, Беџет Пацоли, по изјавата за наводниот начин на кој Србија лобирала во Интерпол.

Организацијата оцени дека Пацоли се послужил со сексистички и расистички речник, додека опишуваше како Србија лобирала против членството на Косово во Интерпол.

Тој во средата на седницата на одборот рече дека Србија ангажирала убаво облечени жени кои за време не Генералното собрание во Дубаи прегрнувале црни претставници на земјите членки на Интерпол за да лобираат против членството на Косово во меѓународната полициска организација, пренесе БИРН.

„Имаа околу 10 убаво облечени жени и секоја од нив приоѓаше до масата на некој црнец и говореше: ‘Извинете како сте?’. Потоа го прегрнуваше и му оставаше коверт“, рече Пацоли.

На Генералното собрание на Интерпол на 20 ноември во Дубаи, Косово и покрај поддршката на западните земји, а пред сè на САД, не доби доволен број гласови за членство во светската полициска организација.

Треба да знаете
Последни објави