Нов биланс: Во цунамито загинаа 373 лица, стотина се исчезнати

Во Индонезија од ударот на смртоносното цунами во саботата вечерта, според најновите податоци, загинаа 373 лица, додека 1.459 се повредени, соопштија официјалните лица.

Индонезиската агенција за справување со природни катастрофи наведе дека 128 лица се водат за исчезнати, пренесе „АП“.

Цунамито во саботата ги погоди островите Јава и Суматра во Индонезија. Над илјада жители се евакуирани.

Треба да знаете
Последни објави