Search

Маж во Полска убиен за време на прикажување детски филм

Eден човек е убиен во полски трговски центар за време на прикажување детски филм, објавија тамошните медиуми.

Телевизијата „TVN24“ објави дека нападот се случил во градот Шчечин, кога напаѓач избодел двајца мажи со нож.

Портпаролката на полицијата во Шчечин потврди дека еден од двајцата мажи починал, објави агенцијата АП.

Напаѓачот бил уапсен, а мотивот за нападот засега не е познат.

Треба да знаете
Последни објави