Search

Ловџија погодил колега во ногата

Ловџија ранил ловџија, вчера во Велешко, информираше МВР.

Според полицијата, несреќата се случила околу 14 часот кај место викано Кале во атар на село Бањица. Тогаш по завршување на ловот, движејќи се во група, Д.Н.(60) од населба Чашка, во еден момент испукал со ловната пушка во десната нога на С.Д,(54) од Велес.

На повредениот му е укажана лекарска помош во ЈЗУ Општа болница – Велес каде му биле констатирани тешки телесни повреди и е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Треба да знаете
Последни објави