Search

Индиец го загуби британското државјанство поради злоупотреба на 7-годишно дете

Iндиец беше осуден од судот во Велика Британија за сексуална злоупотреба на 7-годишно дете од сопственото семејство и му е одземено британското државјанство, пренесува новинската агенција ПТИ.

Судот го осудил Индиецот на 14 години затвор, а тој бил засекогаш запишан и во регистарот на сексуални престапници.

Човекот бил осуден по 23 одделни точки од обвинението и сега се соочува со депортација во Индија. Судот го осуди за намамување и силување малолетно момче помеѓу 2003 и 2010 година.

Индиецот поднел жалба на пресудата која му била прифатена, но земајќи ја предвид сериозноста на предметот, одлуката во случајот била поткрепена со одлука на министерот за внатрешни работи, Саџид Џавид, да му го одземе пасошот на обвинетиот, а со тоа и неговото британско државјанство. Ова, всушност, значидека тој ќе биде депортиран во Индија.

 

Треба да знаете
Последни објави