Германската полиција уапси лице што подготвуваше терористички напад

Полицијата во Франкфурт на Мајна во неделата вечерта уапси едно лице за кое постои сомневање дека заедно со четири претходно уапсени лица подготвувал терористички напад во Германија, според Покраинскиот завод за борба против тероризмот на Баден-Виртемберг.

Осомничениот бил уапсен при влез во Германија, а освен за подготовка на терористички напад обвинет е и за нелегално поседување на оружје.

Како што објави полицијата во неделата вечер, четворица осомничени се уапсени во средата, а се обвинети и за вмешаност во подготовка на терористички напади и нелегално поседување на оружје.

Полицијата соопшти дека овие случаи се поврзани, но одби да даде детали за осомничените, односно за нивната националност и политичка припадност.

Овие случаи, исто така, не се поврзани со неодамнешните сомневања за подготовка на напад на аеродромот во Штутгарт кога двајца исламисти од Ахен беа уапсени и пуштени по кратко време.

Треба да знаете
Последни објави