Гвинет стави божикен чорап и за поранешниот сопруг

Актерката Гвинет Палтроу (46) беше во долгогодишен брак со музичарот Крис Мартин (41), а по разводот останаа добри пријатели. Гвинет стави божикни чорапи над огништето, а покрај имињата на децата и нејзиниот сегашен сопруг Бред Фалчук (47), стоеше и името на Крис​​.

Овој потег на актерката наиде на одобрување.

„Јас сум потполно заљубена во ова проширено семејство. Почитување и љубов за родителите кои се разведени, но поврзани заради деца“, пишува во коментарот под фотографијата на социјалната мрежа.

Сепак, божикните чорапи не им беа на сите по волја.

„Што е со неговите деца?“, обожавателите ја прашаа Палтроу. Имено, над каминот на чорапите се напишани имињата на нејзините деца, Епл (14) и Мојсеј (12). Дури успеала да го „протурка” и својот поранешен сопруг, но на децата на Броди, ќерката Изабела и синот Броди, „заборавила”. Бред ги добил децата во брак со Сузан Букиник.

По разводот, Крис рече дека се чувствува безвреден и неважен.

Размислував за најлошото сценарио. Бев толку загрижен за него што ми беше драго кога ми испрати порака во утринските часови и ми рече дека е добро“, изјави менаџерот на бендот, Фил Харви (42). Сега Крис е во врска со Дакота Џонсон (29), ѕвездата од „50 нијанси сиво“.

Треба да знаете
Последни објави