Search

(Видео) Индонезиските острови по смртоносното цунами

Цунамито кое во саботата ги погоди островите Јава и Суматра во Индонезија усмрти најмалку 280 лица, а повеќе од 1.000 се повредени.

Над илјада жители се евакуирани, а бројот на исчезнати е непознат. Жителите раскажуваат дека не почувствувале ништо додека брановите високи три метри не удрил во брегот.

Цунамито потсетува на она од 2004 година, кога усмрти 226.000 лица во дури 13 земји, вклучувајќи 120.000 луѓе во Индонезија.

Интернетот е преплавен со фотографии од цунамито, а сега се појави и видео од дрон кое покажува како изгледаат делови од островот погодени од страшното цунами.

Треба да знаете
Последни објави