Search

Балетот „Ана Карерина“ премиерно во МОБ

Утре со почеток во 20 часот на сцената на Македонската опера и балет премиерно ќе се изведе балетот „Ана Карерина“ во кореографија на Лео Мујиќ од Хрватска, според истоимениот роман на Л.Н.Толстој.

Од МОБ велат дека поставувањето на едно вакво дело преставува голем предизвик бидејќи се работи за дело на двајца великани на руската и светската уметност и култура, Л.Н.Толстој и П.И.Чајковски.

-Едно од најпознатите светски литературни дела „Ана Каренина“ од крајот на 19 и во целиот 20 век, претставувало инспирација за многу театарски и филмски креации. Еве го сега пред нас, како инспирација за кореографот Лео Мујиќ и балетскиот ансамбл на Македонската опера и балет. Чајковски во својот прекрасен опус често бил инспириран од делата на руската и светска класика, но никогаш не искористил дело од Толстој. Сепак, за романтична приказна како што е „Ана Каренина“, како најсоодветна се покажа токму неговата музика- вели М-р Крсто Скубев, културолог.

Во главните улоги настапуваат Мими Поп Алексова Атанасовска, Бобан Ковачевски, Васил Чичијашвили(Грузија), како и солистите и ансамблот при МОБ.

Треба да знаете
Последни објави