Арамија во Норвешка останал заклучен во автомобил кој сакал да го украде

Крадец на автомобили во Норвешка ја повикал полицијата да го спаси откако останал заклучен во автомобил кој што сакал да го украде.

Како што соопшти полицијата од Трондхајм, младиот човек преку мобилен телефон ги повикал полицајците од автомобил во кој останал заклучен на паркинг пред авто-салон, пренесува агенцијата АП.

Норвешката телевизија NRK соопшти дека станува збор за 17-годишно момче, кое поради прекршоци и претходно и било познато на полицијата.

За сега останува тајна зошто сите врати се блокирале, па младиот арамија останал заглавен во автомобилот.

Полицијата на „Твитер“ објави дека брзо се упатиле кон местото за да го спасат крадецот и да го стават во притвор.

Треба да знаете
Последни објави