Search

Автомобил се заби во црква, повредени шест лица

Шест лица се повредени кога маж со автомобилот се забил во ѕидот на црква во Колумбус, Охајо. Во моментот на несреќата во црквата се одржувала утринска литургија.

Пожарникарите соопштија дека повредените се здобиле со исекотини и други повреди, а полицијата засега не го објави идентитетот на мажот кој управувал со автомобилот, ниту неговите мотиви.

Како што се наведува, инцидентот се случил во моментот додека верниците пееле, а автомобилот го пробил ѕидот на црквата.

Треба да знаете
Последни објави