Search

Салвини им одговори на новинарите: Јас сум нормална личност, таков бев и пред да станам министер

Италијанскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Матео Салвини денеска реагираше на критиките на новинарите поради статуси што ги објавува на Инстаграм, порачувајќи дека со тоа покажува дека е „нормална личност”, што за новинарите претставува „голем дефект”.

– Јас сум нормална личност која оди и на пазар и личност која греши, но со добра намера. Таков бев пред да станам министер, таков сум и сега. Поседувам особина која за вас е голем дефект, а за мене е доблест”, рече Салвини.

Тој додаде дека италијанските новинари можеби повеќе сакаат политичари кои работат затворени во министерствата.

Салвини е познат по активностите на социјалните мрежи, каде што реагира на различни теми. Денеска преку Фејсбук им порача на граѓаните „за Нова година да запалат некоја петарда помалку”.

Треба да знаете
Последни објави