Search

Салвини до новинарите: Поседувам особина која за вас е голем дефект, а за мене е доблест

Италијанскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи, Матео Салвини реагираше на критиките на новинарите за работите што ги објави на социјалната мрежа „Инстаграм“.

Тој на новинарите им рече дека тоа покажува дека тој е „нормална личност”, што за нив е „голем дефект”.

„Јас сум нормален човек кои оди во шопинг и човек кој греши. Таков бев и пред да станам министер, а таков сум и сега. Поседувам особина која за вас е голем дефект, а за мене е доблест“, посочил Салвини, пренесуваат тамошните медиуми.

Тој додаде дека италијанските новинари можеби претпочитале „политичари кои исчезнале од видот” и работеле затворени во нивните министерства.

Салвини е познат по активностите на социјалните мрежи каде често изнесува ставови на различни теми. Тој денеска меѓу другото повторно преку социјалните мрежи до граѓните упати апел за новогодишните празници да користат што е можно помалку петарди.

Треба да знаете
Последни објави