Search

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ: Фондот за животна средина кој го ветува Макрадули беше укинат токму од СДСМ во 2005 година

Скопје се гуши. Загаденоста во Скопје бележи рекорди, а Владата и ресорниот заменик министер за животна средина, Јани Макрадули се кријат, иако пред изборите ветуваа и го лажеа народот, изјави Маја Славева од ВМРО-ДПМНЕ.

„Токму Макрадули и денес се уште го лаже народот со програми против загадувањето, но во реалноста не се случува ништо. Нема проекти, се кратат средства и ништо не се прави со аерозагадувањето кое од ден на ден е се поголемо“, изјави таа.

Славева додава дека парите се трошат ненаменски и без никаков ефект. Во последните три години, според Државниот завод за статистика, во Буџетот на Република Македонија се слеале околу половина милијарда евра од даноци поврзани со животната средина. Од тие средства Владата на СДСМ издвојува само 1,6 милиони евра за загадувањето на воздухот, а згора на тоа бара уште  пари од донации, посочи таа.

„Јани Макрадули со целата своја неспособност уште ветува и формирање на Фонд за животна средина. За да биде апсурдот на неговите ветувања поголем, тој фонд којшто Макрадули го ветува постоеше во Република Македонија од 1995 година и беше прв таков фонд во регионот. Истиот тој фонд беше укинат од страна на СДСМ во 2005 година во време кога Макрадули беше пратеник.

Во Службен Весник од 5-ти јули 2005 година се објавени измените според кои во дел од финансирање на активностите во областа на животната средина, во Член 220, стои: „Со денот на влегување на сила на овој Закон, Фондот за заштита и унапредување на животната средина и природата основан со Законот за заштита и унапредување на животна средина и природата престанува со работа““, вели Славева.

Треба да знаете
Последни објави