Search

Разбиена меѓународна банда која шверцувала кокаин

Европската полициска служба Европол денеска соопшти дека полициските сили од три земји разбиле меѓународна банда која криумчарела кокаин.

Европол наведе дека операцијата, во која учествувале Шпанија, Италија и Аргентина, резултирала со апсење на речиси 50 лица. Се верува дека бандата шверцувала кокаин во Европа со бродски контејнери од Аргентина, Боливија, Колумбија и Перу.
.
Во соопштението од Европол уште се појаснува дека осомничените биле стационирани во Шпанија и Аргентина, каде профитот од наркотици го „переле” преку недвижности. Во Аргентина властите пребарале повеќе од 60 недвижности и заплениле 350.000 евра, голем број возила и 47 недвижности.

Бандата е осомничена и дека одгледувала и продавала марихуана во јужниот дел на Шпанија

Треба да знаете
Последни објави