Search

(ВИДЕО) Грк ограбил обложувалница, па уплатил тикет

Една невообичаена кражба беше регистрирана во обложувалница во атинска населба, кога крадецот, откако ги земал парите, реши да си ја проба среќата, јави дописничката на МИА од Атина.

Видеото од грабежот снимено од безбедносните камери, го објави грчката телевизија Open, а на него се гледа како маскирано лице влегува во обложувалницата и под закана со нож од вработената ги бара парите од прометот.

– Кражба! Парите од касата. Стави ги сите внатре! Сите, сите!, ѝ вели крадецот на вработената.

Две минути подоцна, наместо да си замине, крадецот бара да уплати ливче за игра на среќа.

– Стави ми 350 евра влог, бара крадецот од вработената, а жената, видно исплашена , не може да се снајде на компјутерот, по што тој и сугерира како да го стори тоа. На крај му предлага да земе ливче и да го пополни со неговите среќни бројки.

Откако завршува со пополнување на ливчето, крадецот се извинува и си заминува со ранецот полн со пари.

Треба да знаете
Последни објави