Search

Анкара планира да отвори конзулати во ирачките градови Киркук и Наџаф

Турскиот амбасадор во Ирак соопшти денеска дека Анкара планира да отвори конзулати во ирачките градови Киркук и Наџаф.

Амбасадорот Фатих Јилдиз истакна дека и Киркук и Наџаф имаат „огромно значење” за Турција.

Во моментов за ова прашање преговараме со властите во Багдад. И двете провинции – Киркук и Наџаф – ни се важни од гледна точка на билатералните односи. Откако ќе бидат отворени конзулатите, ќе создадеме визни центри, нагласи Јилдиз.

Тој посочи дека во Киркук има голема туркменска заедница, поради што тој град е од голема важност за Анкара.

-Турција одамна има позитивни односи и со Арапите, Курдите и христијаните кои живеат во Киркук, додаде амбасадорот.

Тој истакна дека го посетува градот најмалку двапати месечно.

-Конзулатот во Киркук, исто така, ќе служи како координативен центар за имплементација на проекти, во кои учествуваат турски инвеститори, изјави Јилдиз.

Треба да знаете
Последни објави