Search

Хиршнер победи во слаломот во Заалбах-Хинтерглем

Светскиот шампион, Австриецот Марсел Хиршер победи во слалом трката, дел од Светскиот куп во ски-алпски дисциплини, на домашен терен во Заалбах-Хинтерглем. Тој заврши на врвот со вкупно време од 1:54.98 минута, а на тој начин запиша петти успех сезонава и вкупно 63-ти во кариерата, со што ја надмина својата сонародничка Анемари Мозер-Прел на третото место на вечната листа по победи и стана најуспешен австриски алпиец во Светскиот куп на сите времиња.

Пред него се само Ингемар Стенмарк (Шведска, 86 победи) и Линдзи Вон (САД, 82).

Хиршер беше најбрз во првата трка со 56.52 секунди, а во вториот спуст по лошата траса успеа да задржи доволно од предноста, за да триумфира.

Втори со 38 стотинки заостанување заврши Лоик Меје (Швајцарија), кој го повтори пласманот од велеслаломот во Заалбах-Хинтерглем од вчера. Трети на 47 стотинки од Хиршер заврши Хенрик Кристоферсен, кој го забележа 11-тиот последователен подиум во слалом во Светскиот куп.

Во генералниот пласман за Кристалниот глобус, Хиршер води со 620 поени, следен од Кристоферсен со 352 поени и Марк Франц (Австрија) со 341 поен.

За малиот кристален глобус во слалом повторно лидер е Хиршер со 200 поени, пред Кристоферсен со 140 поени и Мејер со 98 поени.

Конечен пласман во слалом за Светскиот куп во Заалбах-Хинтерглем:

1. Марсел Хиршер (Австрија) – 1:54,98 минути (56,52 секунди по првиот спуст и 58,46 секунди по вториот)
2. Лоик Мејер (Швајцарија) – 1:55.36 (58.65 и 56.71)
3. Хенрик Кристоферсен (Норвешка) – 1:55.45 (57.11 и 58.34)
4. Мануел Фелер (Австрија) – 1:55.64 (59.27 и 56.37)
5. Михаел Мет (Австрија) – 1:55.76 (57.04 и 58.72)
5. Даниел Јуле (Швајцарија) – 1:55.76 (57.78 и 57.98).

Треба да знаете
Последни објави