Search

Северна Кореја: Денуклеаризација откако САД ќе го отстрани своето оружје

Северна Кореја соопшти дека никогаш нема еднострано да го спроведе договорот околу денуклеаризацијата. Пјонгјанг побара САД, претходно да го отсрани своето оружје кое како што велат е нивна нуклеарна закана, соопшти агенцијата КЦНА.

Соопштението ги разгорува сомнежи во врска со подготвеноста на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун да се откаже од нуклеарниот арсенал, што тој веројатно го гледа како главна гаранција за неговиот опстанок на власт, пишува „Асошиетед прес“.

Северна Кореја во денешната изјава ја повтори својата стара позиција за денуклеаризирањето и го обвини Вашингтон дека не го исполнува она што беше договорено на самитот на Ким Јонг Ун и Претседателот на САД, Доналд Трамп на 12 јуни во Сингапур.

Треба да знаете
Последни објави