Search

Путин низ смеа: Секако дека Русија сака да владее со светот

Новинарка на „Вол стрит џурнал“ на годишната прес-конференција на рускиот претседател, Владимир Путин, за која беа акредитирани повеќе од 1 500 новинари од светот, рече дека на Западот многумина ја гледаат Русија како закана и дури мислат дека Путин како претседател на Русија сака да владее со светот, па го праша дали навистина е така.

„Па, секако“, со насмевка на лицето рече Путин и додаде:

„Знаеме каде е центарот што се обидува да управува со светот, а тој не се наоѓа во Москва. Тоа е поврзано со водечката улога на САД во светската економија и издвојувањето средства за одбрана. САД трошат повеќе од 700 милијарди долари на одбрана, а ние 46 милијарди. И вие мислите дека нашата цел е да владееме со светот“, со прашање ѝ возврати Путин на новинарката.

Ставот дека Русија сака да владее со светот го нарече клише кое е наметнато од западното општество.

Треба да знаете
Последни објави