Search

Затворен аеродромот Гетвик кај Лондон поради „напад“ на дронови

Британската полиција распореди снајперисти и испрати хеликоптери како дел од потрагата по операторите на два дрона кои летаа над аеродромот Гетвик во Лондон, втор по големина во земјата, предизвикувајќи прекин на сообраќајот.

Ново беспилотно летало било забележано кратко време по 11 часот, 14 часа откако бил забележан првиот дрон. Поради откажувањето на летовите околу 110.000 патници останале на аеродромот.

Полицијата верува дека тоа е намерно предизвикано дело, но ништо не укажува на тероризам.

Употребата на беспилотни летала во радиус од еден километар од аеродромот е забрането од крајот на јули, откако поради дронови сообраќајот на Гетвик беше суспендиран два пати. Во октомври, пак,  дрон ги загрози животите на 130 луѓе откако речиси се удри во авион кој се приближувал на аеродромот. За прекршување на забраната е предвидена казна до пет години затвор.

Треба да знаете
Последни објави