Search

(Фото) Во Топанско поле ранет директорот на Гинекологија, Беља

Економскиот директор на Клиниката за гинекологија, Ваљон Беља бил ранет во вооружен напад попладнево во Топанско Поле, дознава 24 Инфо.

Според неофицијалниинформации, инцидентот се случил пред маркетот „Принц“ кога непознати напаѓачи испукале неколку куршуми кон Беља. Тој бил погоден во нога, а напаѓачите избегале.

Од МВР засега немаат информации за инцидентот.

Бела пред неколку месеци беше поставен на оваа функција.

Валон Беља од ДУИ е именуван за организациски директор на Клиниката за гинекологија и акушерство.

Беља беше член на невладината организација Реалитети, а во 2010 стана лидер на партијата Албански сојуз. Подоцна оваа партија се спои со ДПА на Мендух Тачи, каде Беља беше потпретседател. Откако се повлече од ДПА Беља беше претепан во скопско Кондово од група непознати напаѓачи, по што заврши на Ургентниот центар.

По преминувањето во ДУИ, Беља кој беше вработен во Општина Чаир, во јуни 2016 во канцеларијата на градоначалникот Изет Меџити од истата партија остави куршум завиткан во салфетка. По тој инциден бил приведен во полиција и пуштен, а тврдел дека некој го мести. МВР му поднела пријава за загрозување на безбедноста, а за тој случај уште нема завршница.

Фото: 24 инфо

Треба да знаете
Последни објави