Search

Тарантино ги фати крадците на дело

Американскиот режисер и сценарист Квентин Тарантино (55) ги совлада крадците кои влегоа во неговиот дом во Лос Анџелес. Во два часот наутро слушнал гласови долу во дневната соба, каде што пронашол двајца крадци, јавува TMZ.

Крадците најверојатно влегле низ прозорецот. Откако американскиот режисер им се спротивставил, сепак, досега непознатите сторители  успеале да избегаат. Иако тој ги фати на дело, од домот на Тарантино тие успеаја да украдат накит и други скапоцености.

Тарантино не е единствената холивудска ѕвезда, која деновиве беше цел на крадците. Само еден ден претходно, беше ограбен илузионист и магионичар Стивен Фрајн (36), познат како Динамо.

Тарантино пред еден месец се ожени со 20 години помладата моделка Даниел Пик (35). Двојката се венча на интимна церемонија во Лос Анџелес, а на приемот беа само нивните најблиски пријатели, колеги и семејството.

Треба да знаете
Последни објави