Search

Српската опозиција најави бојкот на следните избори

Најголемата српска опозициска коалиција, Сојузот за Србија (СЗС) најави дека нема да учествува на избори, се додека не се создадат услови за одржување фер избори.

Тие најавија дека своите забелешки за текот на неодамнешните локални избори во општината Лучани ќе ги достават до Европскиот парламент и до странските амбасади во Белград.

СЗС на прес-конференција оцени дека локалните избори во Лучани покажале дека нема услови за фер избори и затоа опозицијата нема да учествува на ниту едни избори во такви околности.

– Под овие услови, нема да учествуваме на избори, изјави поранешниот шеф на српската дипломатија Вук Јеремиќ, кој е претседател на Народната партија, една од членките на СЗС.

Тој истакна дека без учество на опозицијата во Парламентот, евентуалниот договор за Косово нема да има легитимитет, кој „и е потребен на меѓународната заедница за да се заврши оваа работа во врска со Косово, на начин на како што вети сегашната Влада”.

Јеремиќ оцени дека тогаш „активната состојба ќе биде неодржлива” и ситуацијата ќе треба да се промени.

СЗС најави дека планира да бара фер избори преку протести и ги повика граѓаните в сабота повторо да излезат на протестниот собир во што е можно поголем број.

Паралелно со засилената активност на СЗС, дојде до потреси во втората опозициска коалиција, Граѓанскиот блок 381, откако нејзиниот лидер и прв човек на Движењето на слободни граѓани (ПСГ), Саша Јанковиќ поднесе неоповиклива оставка.

Претстапникот на ПСГ, Раде Вељановски соопшти дека Јанковиќ бил излложен на различни притисоци „како од властите, така и од опозицијата, но и од измислици”, што довело до неговата одлука да се повлече од функциите лидер на ПСГ и на Граѓанскиот блок 381 и од активниот политички живот.

Треба да знаете
Последни објави