Романско-канадската пејачка Анка Поп е пронајдена мртва откако нејзиниот автомобил мистериозно завршил во Дунав.
Службениците на итната помош го идентификувале нејзиното тело откако нуркачите го пронашле нејзиниот автомобил доцна во понеделникот на југозападот на Романија.
Полицијата во вторникот рекла дека ја истражува нејзината смрт.
Пејачката е родена на 22-ри октомври 1984-та година. Анка побегнала во 1987-ма година од комунистичка Романија со своето семејство, го преминала Дунав во тогашна Југославија каде била бегалка. Неколку месеци подоцна, емигрирале во Канада.
Нејзиниот стил бил своевидна фузија на балкански звуци и мејнстрим поп.
Во јули 2017-та го објавила големиот хит со Горан Бреговиќ, обработката на славната “Ѓурѓевдан” со име “Ederlezi”.