Search

Пировска: Власта си ја презема улогата на делител на правдата

Власта си ја презема улогата на делител на правдата и со тоа ги премина границите до каде што може да оди во практикувањето на својата моќ, вели Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет, по донесувањето на Законот за амнестија во Собранието.

„’Ќе си лежите!’ Кој ќе лежи? Типот што украде ќебапчиња! Јустиција не живее во Македонија. Во Македонија живеат луѓе што се помирија дека ќе живеат во неправда, но во мир? Не може да има мир без правда! Тоа беше и ќе остане мојот spiritus movens во сите битки за општество кое треба да обезбеди достоинствен живот на граѓаните. Власта си ја презема улогата на делител на правдата и со тоа ги премина границите до каде што може да оди во практикувањето на својата моќ. Сега, освен што треба да си направиме масовно харакири, треба да разбереме дека и во услови на режим, многу внимателно треба да се бираат сојузниците во борбата за слобода. И така, борбата продолжува!“, напиша Пировска на „Фејсбук“.

Со 95 гласа „за“, ниту еден „против“ и „воздржан“, пратениците вчера го донесоа Законот за амнестија.

Треба да знаете
Последни објави