Search

Намалена видливоста од Гајре до Попова Шапка поради магла

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози,освен на осојничавите места, соопшти Автомотосојузот на Македонија. Поради магла намалена е видливоста од 50 до 100 метри, од селото Гајре до П.Шапка.

АМСМ потсетува дека поради голем одрон патниот правец А3 Каменица – Делчево е затворен за сообраќај. Лесните возила може да се движат преку патниот правец Виница – Бигла –Делчево, додека тешките теретни возила исклучиво само преку Берово.

Автомотосојузот на Македонија препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утринските часови постои можност и од појава на голомразица.

 

Треба да знаете
Последни објави