Search

Маша и Фрозен повлечени од продажба во Црна Гора

Црногорската компанија „Ковачи” соопшти дека од своите продавници ги повлекла од продажба куклите Маша, Фрозен , затоа што содржеле супстанци кои може да им наштетат на здравјето на децата и да предизвикаат оштетувања на нивните репродуктивни органи.

Компанијата ги повикаа граѓаните кои веќе купиле такви играчки, да ги вратат на продажните месте, при што ќе им бидат вратени парите.

– Ви благодариме на соработката и се извинуваме поради непријатностите што ги предизвикавме, се наведува во соопштението на компанијата, без при тоа да се посочи земјата на потекло на играчките.

Штетноста на играчките ја потврди и Здравствено-санитарната инспекција на Црна Гора, која посочи дека продлжува со контроли на продажните места на играчки.

Ова не е прв случај на повлекување играчки во Црна Гора, поради нивната штетност по здравјето. Минатиот месец од продажба беа повлечени и новите серии кукли на Покемон, девојчето Меџик и Снежана и седумте џуџињата, кои содржеле супстанца штетна по детското здравје.

Треба да знаете
Последни објави