Search

Кафуле во Тексас нуди магични напитоци од Хари Потер и волшебниците

Новоотворено кафуле во Тексас нуди неверојатна понуда – магични напитоци и декор инспирирани од Хогвартс, познатото училиште кое го посетуваше Хари Потер и неговите пријатели. Кафе MUGG (le) е отворено во Корпус Кристи, Тексас минатата недела, и на неговото мени се најдоа пијалоци креирани од вештерки и волшебници од магичниот свет. Можете да нарачате weaselBee, која е нивната верзија на златно млеко или напитокот од зелен чај, мед и бадемово млеко.

За оние кои сакаат да го разбудат својата мрачна страна, својот внатрешен демон, најсилниот и најмрачен пијалок во менито е соодветно наречен ,,Тhe demen”.

Сопственикот на кафулето Сузан Алмагер (32) сакаше да отвори бизнис каде што сите би можеле безбедно да се дружат, без да бидат осудувани.

Овде може да дојде секој, од секоја вораст. Овде луѓето можат удобно да седат со своите пријатели, меѓу зандани и змејови и никој да не ги осудува за тоа”, изјави Алмагер за CNN.

Алмагер, самохрана мајка на двајца, била инспирирана од нејзините деца, Емили Ева – 9 и Еверет Исаи – 5 за отворање на кафулето.

Треба да знаете
Последни објави