Search

Домец го украл „пежото’“ со кое паднал во канал кај „Сити Мол“

Домец го украл автомобилот „пежо 407“ со кој паднал во канал, утрово кај ТЦ„Сити Мол“, информираше МВР.

Според полицијата, автомобилот бил украден од паркинг кај Транспортниот центар, откако во возилото останал контакт клучот во бравата. Кражбата ја извршил 13-годишно момче- штитеник на ЈУ 25ти Мај и уште едно 13- годишно и едно десетгодишно момче. Но, момчето кое го управувало возилото околу 3 часот на бул.Илинден изгубило контрола над возилото и се превртело во канал каде се изведувале градежни работи.

Трите момчиња се пренесени во ГОБ 8-ми Септември. За случајот е известен јавен обвинител од ОЈО Скопје, како и родителите на малолетниците и социјален работник. По документирање на случајот до Основното јавно обвинителство ќе биде доставен соодветен поднесок.

Треба да знаете
Последни објави